ВИДЕО: Џеко спасител на Интер, драматично реми на дербито во Милано

Интер и Аталанта одиграа интересно дерби во Милано на кое беа постигнати четири гола и пленот беше поделен меѓу ривалите (2-2). Вториот денешен натпревар од шестото коло донесе неверојатен финиш во кој домаќините не реализираа пенал, а гостите постигнаа победоносен гол, кој беше поништен од ВАР-собата. 

  • Извештај од натпреварот:

„Неразурите“ први стигнаа до предност, но на крај мораа да бркаат негатива против фудбалерите на Џанпјеро Гасперини. По една акција, која тргна од Џеко и продолжи кај Барела, првиот погодок на мечот на атрактивен начин го постигна Лаутаро Мартинез во петтата минута од натпреварот (1-0).

Следуваше подобар период од натпреварот за гостинскиот тим. Пред крајот на воведниот дел, гостинскиот тим за осум минути направи пресврт. Руслан Малиновски одговори со прекрасна завршница од далечина, а потоа Рафаел Толои погоди од непосредна близина за 1-2.

Мартинез промаши зицер за Интер во вториот дел и беше блиску до втор гол за својот тим. На крај Един Џеко собра отпадок и ја врати надежта кај домаќинот (2-2). Избраниците на Симоне Инзаги продолжија со напади и имаа шанса за победа, но Федерико Димарко промаши пенал во финишот, кој сигурно ќе значеше домашна победа.

Аталанта постигна трет гол, но истиот беше поништен од ВАР-собата. Судијата наместо на центарот, покажа дека топката беше излезена во гол-аут на почетокот од акцијата која заврши со гол на Пиколи. Ова се први испуштени домашни бодови на шампионот.  

Состави

Симоне Инзаги

4-4-2

    Gian Piero Gasperini

    4-4-2