Џеко пресече: Не го чека повеќе Интер и потпиша договор со Рома до 2022 година

Един Џеко се премисли и вчера ја прифати понудата за нов договор со Рома. Во јуни 2020 година босанскиот ас требаше да биде слободен да ја избере својата иднина и затоа на големо се зборуваше дека Рома ќе го продаде во Интер за да не ризикува да го загуби без ниту едно евро. 

Но, преговорите со Интер заглавија, па босанскиот голгетер ја прифати понудата на „волчицата“.

„Летото беше долго, се случија многу работи, но верувам дека ова е вистинската одлука за мојата кариера“, кратко изјави Џеко по потписот на договорот со кој се обврза да остане до 2022 година во Рима.

Џеко пристигна во Рома од Манчестер Сити во 2015 година, одигра 179 натпревари и постигнува 87 погодоци за Рома. Според новиот договор ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона.