ВИДЕО: Џеко „полуде“ - го соблече Пападопулос по гаќи, па доби црвен картон!

Најдобриот фудбалер на БиХ, Един Џеко нема по добро да го памети натпреварот против Грција во Солун (1-1).

Искусниот голгетер заработи црвен картон, а причината беше бизарна - по еден незгоден дуел тој се најде меѓу нозете на Кирјакос Пападопулос, кој одби да се тргне, па остана само по гаќи.

Потоа, двајцата фудбалери се судрија и очекувано - заработија црвен картон од главниот судија.