Џеко по последниот домашен меч за БиХ: Би сакал да е први април...

Един Џеко потврди дека натпреварот против Шведска (1:1) бил негов последен во дресот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина и стави крај на репрезентативната кариера.

По натпреварот на „Билино Поље“, Џеко емотивно се збогуваше со националниот тим и истакна дека одлуката е конечна. Најдобриот стрелец во историјата на Босна и Херцеговина призна дека ќе му треба време за да се одмори, но не ја исклучи можноста во иднина да има друга улога во репрезентацијата.

„Би сакал и јас да е 1 април и да можев да кажам: Ви благодарам што сите дојдовте, што сè подготвивте, јас не се збогувам. Немам повеќе години за такви шеги. Мислам дека ова е вистинскиот момент. Ја оставам екипата во добра состојба и има млади момци кои ќе бидат сè подобри и подобри. Напред имаме играчи кои знаат да даваат голови и навистина заминувам среќен. Сега сум на оваа ваша, навивачка страна. Не размислував за тоа, но еве, наполнив 40 години. Прво треба малку да се одморам, бидејќи сето ова е напорно и психички и поради стресот. Ќе ми треба малку време, но познавајќи се себеси, брзо ќе посакам нешто. А што ќе биде тоа, ќе видиме. Морам да имам чувство во себе дека тоа го сакам.“

Овде сум одиграл најмногу натпревари. Зеница и „Билино Поље“ имаат посебна магија за мене бидејќи тука ги одиграв најголемите натпревари. Најмногу сум играл тука и убаво е што тука ја завршив кариерата“, изјави Џеко.

Целиот натпревар во Зеница беше многу емотивен, а кулминацијата беше по крајот на мечот кога имаше пригодно испраќање за босанскиот „дијамант“.

<<< - ПОВРЗАНО - Сцени за паметење: Летаа дронови, „шпалир“ за Џеко и порака што ги расплака Босанците! (ВИДЕО) 

<<< - ПОВРЗАНО - Надреални сцени: Џеко испратен како еден од најголемите, му скандираа и соиграчите (ВИДЕО)

Состави

Sergej Barbarez

3-5-2

    Грем Потер

    4-4-2