ВИДЕО: Џеко го вивна Интер кон осминафинале во ЛШ по една деценија!

Италијанскиот калчолигаш Интер е на прагот по една деценија да игра нокаут-фаза во Лигата на шампионите, затоа што на домашен терен го совлада Шахтјор (2-0) и со евентуален триумф на Реал Мадрид над Шериф Тираспол ќе се промовира меѓу шеснаесетте најдобри во елитата.

  • Извештај од натпреварот:

„Нераѕурите“ од славната 2010 година не играле во нокаут-рундата, но сега работите веројатно ќе се променат. Интер одигра блескав натпревар со Украинците, се мачеше со реализацијата, но во второто полувреме работите си дојдоа на свое место. Ова е прва победа на Интер, по три 0-0 натпревари против Шахтјор.

Човек на одлука по два поништени гола беше Един Џеко. Босанскиот „дијамант“ се распука во второто полувреме и ги поништи оние ВАР-одлуки да не важат головите на Перишиќ и Мартинез. Првиот гол Џеко го постигна во 61. минута, вториот во 67. минута и така се извади за две големи промашувања на натпреварот.

Интер сега има десет бода, а во последното коло гостува кај Реал Мадрид, кој е втор со девет бода и игра меч од петтата рунда со Шериф Тираспол во вечерниот термин. Доколку „кралевите“ победат, двата клуба ќе бидат во директен клинч за првото место. Шахтјор веќе ги загуби шансите за настап во Лигата на шампионите или во Лига Европа.

Состави

Симоне Инзаги

3-5-2

    Roberto De Zerbi

    4-2-3-1