• Саше Љолес
Легендарниот напапач на босанската репрезентација, Един Џеко, даде изјава со која ги охрабри своите навивачи, откако го повреди рамото во финалниот плеј-оф за Светското првенство против Италија.
Офанзивецот на Шалке 04 изјави дека повредата не е толку сериозна како што првично се мислело, што значи дека веројатно ќе може да се опорави без операција.
„Божја волја беше да ја победиме Италија, мислам дека имавме и малку среќа, но знам дека одигравме храбро. Заслужено сме на Мундијалот, навивачите сега имаат уште повеќе причини за задоволство.
Што се однесува до повредата, мислам дека нема да има потреба од операција. Се надевам дека ќе се вратам на терените за околу еден месец. Сакам да му помогнам на Шалке во остварување на целта, а потоа фокусот да го пренасочам на Светското првенство“, изјави Џеко.
Босанската репрезентација успеа да ја надигра фаворизираната Италија, обезбедувајќи пласман на Мундијалот по подобро изведување пенали. Натпреварот во регуларниот дел заврши со конечни 1-1.




