• Саше Љолес
Босанскиот напаѓач Един Џеко не е задоволен со статусот во Фиорентина и може да ја напушти италијанската екипа уште оваа зима. Медиумите на „чизмата“ на големо шпекулираат дека искусниот фудбалер е близу до преселба во втората германска Бундеслига.
Шалке 04, клуб со богата историја, кој се бори да се врати во елитата, е најблиску до договор со 39-годишниот голгетер. Тренерот на Шалке имал директни разговори со Џеко, кој се заинтересирал за проектот и за неговата потенцијална улога во тимот.
Иако се чини дека Шалке е најконкретен, не е единствениот клуб што покажува интерес за услугите на Џеко. Босанецот има понуда и од францускиот Париз ФЦ, но се претпоставува дека повеќе му се допаѓа идејата за преселба во Германија, каде во минатото настапуваше за екипата на Волфсбург.
Се очекува дека одлуката за идниот клуб на Џеко ќе биде донесена во следните денови, откако клубовите ќе постигнат конечен договор за условите на трансферот.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.









