ВИДЕО: Џеко чекори кон историја, Рома ги избрка „вештерките“ од Рим

Рома продолжи со победите во италијанската Серија А и славеше над Беневенто (5-2) во рамки на 4. коло од калчото, со што врза два успеси по оној над Удинезе.

„Волчицата“ лошо тргна во натпреварот, но брзо фати ритам и потоа се беше полесно. Овој натпревар беше во знакот на Един Џеко, кој даде два гола и на вечната листа на стрелци направи напредок. Босанецот сега е на четвртото место со 108 гола, но е на три гола од третата позиција на која се наоѓа Амадео Амадеи.

Беневенто одлично тргна во натпреварот и во 5. минута преку Капрари го шокира фаворитот. Се играше 31. минута, кога новото засилување Педро успеа да изедначи, а неколку минути подоцна погоди и Џеко за пресврт. Пред крајот на првото полувреме погоди и Михтарјан, ама ВАР го поништи голот.

На стартот на вторите 45 минути, Рома направи пенал. Лападула промаши, но се поправи и погоди за 2-2, па тоа само го налути домаќинот. Во 67. минута Верето ја врати предноста, а потоа погодија Џеко и Перез за конечни 5-2.

  • Извештај од натпреварот: 

Рома е на седмото место во Серија А и во следното коло гостува кај Милан, додека Беневенто е на десеттото место и ќе игра дома со Наполи.