• Сашо Поповски

Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога и го совлада Клуб Бриж, вторпат во последниот месец.
Тимот на Пеп Гвардиола постигна три гола во вториот дел и ја потврди победата на домашен терен. На трибините имаше неизмерна радост, а фоторепортерите уловија едно детенце со урнебесен транспарент. Пораката беше упатена до Џек Грилиш:
„Џек, мајка ми го сака твојот шорц, но и дресот ќе заврши работа“.
Dear @JackGrealish... #UCL pic.twitter.com/bnIHT8BI2d
— City Xtra (@City_Xtra) November 3, 2021
Сити го искористи ремито на ПСЖ кај РБ Лајпциг за да избие на првата позиција на табелата.