Колумбиецот Родригез одново соиграч на Марсело во Олимпијакос

Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез кариерата ќе ја продолжи во Олимпијакос. 31-годишникот ќе отпатува за Грција и ќе ги мине медицинските прегледи, пишува реномираниот Фабрицио Романо.

По една година во Ал-Рајан од Саудиска Арабија, офанзивецот е подготвен да се врати во Европа. Желбата ќе му ја исполни грчкиот гигант, кој според првичните најави ќе го добие на позајмица.

Пред неколку дена на Пиреја беше претставен Марсело. Бразилскиот ас беше пречекан во фантастична атмосфера. Сега Родригез ќе има можност одново да ја дели соблекувалната со него, по заедничките години поминати во редовите на Реал Мадрид.

Колумбиецот има големо искуство, играјќи за Порто, Монако, Реал Мадрид, Баерн Минхен и Евертон. Вниманието на големите екипи го привлече со својот настап на Мундијалот во 2014 година, кога ја освои „златната копачка“ и постигна неколку ефектни погодоци за својата репрезентација.