ВИДЕО: Хамес постигна ЕВРОГОЛ за Олимпијакос, но доби свирежи од трибините!

Грчкиот фудбалски гигант Олимпијакос вечерва на домашен терен го декласира Астерас со 5-0, а натпреварот го одбележа атрактивниот погодок на Хамес Родригез, кој ги потсети фановите на своите славни денови. Сепак, потоа ги загуби нервите кога слушна како реагираат навивачите по неговата мајсторија.

Колумбискиот ас од преку дваесет метри испрати „проектил“ кон противничкиот гол, а откако топката влезе во мрежата, тргна да го слави својот погодок. Но, навивачите на Олимпијакос почнаа да го исвиркуваат, па Колумбиецот не можеше да ја сокрие лутината и разочаран од целата ситуација замавна со раката и покажа што мисли за свирежите кои ги доби.

Хамес во Олимпијакос пристигна во средината на септември годинава од катарскиот Ал Рајан, но навивачите на грчкиот клуб не се премногу одушевени од неговите настапи, поради што го исвиркаа.

Состави

Хозе Луис Мендилибар

4-2-3-1

    Savvas Pantelidis

    4-2-3-1