Џејмс по потписот со Јунајтед: Секое дете расте со желба да го облече овој дрес!

Екипата на Манчестер Јунајтед денес го официјализираше своето прво засилување за следната сезона, откако го обезбеди потписот на младата велшка ѕвезда, Даниел Џејмс. 

21-годишниот крилен фудбалер во редовите на тимот од „Олд Трафорд“ доаѓа од Свонси, а по денешната презентација изјави дека е среќен и горд што ќе има можност да го носи дресот на „црвените ѓаволи“. 

„Прекрасен ден за мене. Среќен сум и горд што ќе играм за овој клуб. Мислам дека секое дете расте со желба да го облече дресот на Јунајтед. Никогаш не верував дека еден ден ќе заиграм на „Олд Трафорд“, но мојата напорна работа и посветеност ме награди со ваков трансфер. Се надевам дека нема да го разочарам менаџерот, раководството и фановите“, рече Џејмс. 

Англискиот гигант за овој трансфер на Свонси му исплати 15 милиони фунти, а со Џејмс потпиша договор на пет години.