Варди не се предава и на 39 години: „Многу сум среќен што сум тука“

Џејми Варди се враќа во англискиот фудбал. Искусниот напаѓач по епизодата во Италија потпиша за Барнли и на 39 години повторно ќе игра пред домашната публика, но овојпат во Чемпионшип.

Варди по потписот не го криеше задоволството што повторно ќе настапува во Англија и веднаш испрати порака до навивачите на својот нов клуб.

„Многу сум среќен што сум тука, во Барнли. Овој клуб има богата фудбалска историја и страствени навивачи кои заслужуваат тим кој ќе ги претставува нив и нивниот град. Едвај чекам да заиграм и да му помогнам на тимот да тргне во вистинската насока“, изјави Варди.

Иако е на залезот од кариерата, искусниот голгетер зад себе има импресивна фудбалска приказна. Најголемиот печат го остави во Лестер, каде што стана легенда и во 2016 година сензационално ја освои титулата во Премиер лигата. Варди за „лисиците“ постигна неверојатни 190 голови на 464 натпревари, додека со 136 погодоци во Премиер лигата се наоѓа меѓу најефикасните англиски напаѓачи во историјата на натпреварувањето.