Џејк Ангеловски од Леганес направи трансфер во Словенија

Австралиецот со македонско потекло, Џејк Ангеловски, направи трансфер и во следната сезона ќе настапува во Словенија каде ќе ги брани боите на Триглав.

Ангеловски, кој е роден во 2000 година и моментално има 19 години, минатата сезона беше дел од шпански Леганес каде го носеше дресот на младинскиот тим, па реши да менува средина. Словенечкиот шампионат ќе биде следна дестинација за нашинецот роден во Мелбурн, каде тој ќе се бори за минутажа.

Како и секој фудбалер во Австралија со македонско потекло, така и Џејк, првите фудбалски чекори ги направи во македонските клубови. Кариерата ја започна во Престон Лајонс, потоа играше и за Алтона Меџик Вардар, па следеше прв европски трансфер.

Триглав во словенечкиот шампионат се наоѓа на осмата позиција и според актуелното место има опстанок доколку дојде до прекин.