ВИДЕО: Џанлука Симеоне исто така тресе мрежи, помладиот син на Чоло погоди за Гимназија

Помладиот син на Диего Симеоне, Џанлука веќе е една од најактуелните теми во аргентинскиот фудбал. Младиот напаѓач е позајмен од Ривер Плата на Гимназија Ла Плата и овој викенд го постигна првиот гол во натпреварот на Гимназија и Индепедиенте.

22-годишниот Џанлука е робусен напаѓач и го користи своето тело за честа дуел игра. 

Погледнете го првиот гол во дресот на Гимназија на Џанлука Симеоне:  

Џовани Симеоне, повозрасниот син на Чоло Симеоне со успех настапува во Фиорентина. 

Минатата недела тренерот на Атлетико Мадрид го доби своето петто дете, овој пат девојче како плод на врската со неговата втора сопруга Карла Переира. Тие се заедно пет години и имаат две деца.