ВИДЕО: Џани Алиоски со еден потег стана хит на социјалните мрежи

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски успеа да постигне погодок за Лидс Јунајтед, а на натпреварот направи потег поради кој стана хит на социјалните мрежи и кај навивачите на тимот.

По крајот на средбата, Алиоски се најде во фокусот на вниманието затоа што аплаудираше на картонските ликови на навивачите на трибините. Исто така, тој се „поздрави“ со тифозите и откако го постигна голот.

  • Потегот на Алиоски:

По натпреварот на Лидс Јунајтед, Алиоски истакна дека иако навивачите се пред ТВ-екраните, тој се обидува да се чувствува како тие да се присутни на трибините, затоа што успехот секогаш сакаш да го прославиш.