Џампаоло: Ја подобруваме играта, наша цел е победа над Интер

Ако минатата година градските дерби средби беа пресметки на Џенаро Гатузо и Лучијано Спалети, сезонава двајца нови стратези ќе бидат дел од големото „Дерби дела мадонина“ во градот на модата и фудбалот.

Марко Џампаоло, кој во текот на летото седна на кормилото на Милан, вели дека неговите фудбалери со нетрпение го очекуваат дуелот со лидерот и градскиот ривал.

„Остваривме значајна победа против Верона, добро е што ја подобруваме играта од недела во недела. Нашата цел е победа против Интер и радост фановите. Ги следам настапите на Интер во тековнава сезона. Екипата е тактички многу непредвидлива“, рече поранешниот тренер на Сампдорија.

Интер е единствена екипа со максимални девет бода во првите три кола, а Милан се наоѓа во групата на тимови со по шест бода.