
Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака со прославата на голот против Србија во мечот од Мундијалот во Русија, крена многу прашина не само на балканските простори, туку и во целиот свет.
Поради двоглавиот орел беа казнети од ФИФА заедно со Џердан Шаќири, но ниту таа казна не само што не го опамети, туку и повторно се обиде да предизвика реакции.
Не една од последните фотографии на неговиот Инстаграм профил, Џака заедно со неговата девојка заеднички направиле двоглав орел, а таквата фотографија од Сејшели на сите во Србија им разбуди лоши спомени.
Истовремено во коментарите под фотографијата доби голема поддршка од Албанија и од Косово, каде што ваквите потези секогаш се дочекуваат со одобрување и гордост.