Џака се чувствува како „жртвено јагне“: Намерно се прават проблеми околу мене

Играчот за врска на Арсенал, Гранит Џака, вели дека во одредени моменти се чувствува како жртвено јагне и дека е критикуван многу повеќе од останатите играчи на лондонскиот гигант.

За време на петгодишниот престој на „Емирати“, Швајцарецот честопати беше мета на критики заради своите дисциплински казни, а досега доби три црвени картони, од кои последниот на натпреварот со Барнли во декември во 2020 година. 

„Во фудбалот мора да се живее со критики, но за сè има граници. И другите играчи исто така добиваат црвени картони, но тие не ги критикуваат колку мене. Понекогаш чувствувам дека намерно се создаваат проблеми кога станува збор за мене. Но, тоа нема да ме скрши. Јас го надминав тоа и секогаш на терен ќе се враќам посилен“, вели Џака. 

Покрај горенаведените црвени картони, оваа сезона на 36 натпревари Џака доби осум жолти картони.