Џака: Реагирав со инстинкт за да спречам нов инцидент

Алиоски Џака

Гранит Џака доби критики од страна на фановите на Арсенал, бидејќи застана во одбрана на Езџан Алиоски. Македонскиот фудбалер беше виновникот поради кој Николас Пепе заработи црвен картон и порано го заврши мечот на „Еланд Роуд“.

Во моментите по натпреварот, Киран Тирни тргна да се пресметува со дефанзивецот на Лидс Јунајтед, кој беше во разговор со швајцарскиот репрезентативец. 

„Сакав само да спречам нов инцидент. Во такви моменти реагирате со инстинкт“, кратко ја прокоментира ситуацијата играчот за врска на „топџиите“.

Медиумите во Англија и неколку дена по мечот зборуваат за овој момент. Алиоски е обвинет за „глума“ и неспортско однесување кое предизвика реакција од главниот судија.

Мечот на крај заврши без победник, бидејќи домашниот тим не ја искористи бројчаната преднсот на теренот.