ВИДЕО: Џака испрати проектил во српската мрежа, па „леташе орел“ за провокација

Репрезентацијата на Швајцарија на стартот на вториот дел стигнува до израмнување на резултатот против Србија (1-1) и повторно се враќа во игра за пласман во осминафиналето на Мундијалот во Русија.

Се играше 52. минута, една одбиена топка се врати до Гранит Џака, кој со разорен удар од околу 25 метри го матира Стојковиќ и во свој стил и се чини со доза на провокација го прослави погодокот против „орлите“.