Џака го доби „заслуженото“: Играчот кој даде гол од центар го исмеа Швајцарецот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал вчера испаднаа од Лига Европа, откако загубија од Спортинг Лисабон по изведување удари од белата точка. Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено (1-1). 

Покрај играта и помалку неочекуваниот резултат, она што привлече внимание е секако прославата на Гранит Џака после постигнувањето на водечкиот погодок за „топџиите“. Швајцарецот непримерно гестикулираше и ги исмеваше навивачите на Спортинг. 

Овој потег не наиде на одушевување кај гостинските фанови, а тие не му ја заборавија „прославата“ на капитенот на Арсенал, па Џака доби соодветен одговор на крајот од натпреварот. Откако Спортинг победи во пенал-рулетот, играчите појдоа кон трибината кај своите навивачи за да го прослават големиот триумф и пласманот во четвртфиналето, а гостинскиот играч Педро Гонсалвеш не пропушти иронично да го „поздрави“ Џака на истиот начин. 

Навивачите беа презадоволни од победата, а секако и од „слатката одмазда“ на крајот на мечот. Спортинг Лисабон денес ќе го дознае својот противник за четвртфиналето на Лига Европа. Извлекувањето на паровите за трите клупски натпреварувања на УЕФА ќе започне денес, точно напладне. 

Состави

Микел Артета

4-4-2

    Рубен Амурим

    3-4-3