ВИДЕО: Џака го бранеше Алиоски од нападите на неговите соиграчи

Арсенал Лидс

Езџан Алиоски го навлече гневот на фудбалерите на Арсенал, бидејќи беше човекот кој го испровоцира Николас Пепе да заработи црвен картон.

Гостинскиот фудбалер со глава „удри“ по македонскиот репрезентативец. Тоа ги остави „топџиите“ со човек помалку во завршницата, што сепак не донесе промена на почетниот резултат.

По мечот многу играчи на Арсенал се упатија кон Алиоски во обид да побараат објаснување. Најагресивен беше Киран Тирни, кој беше спречен да започне конфликт од својот соиграч Гранит Џака, кој е пријател на Алиоски.

Мечот на „Еланд Роуд“ заврши без голови, иако на двете страни имаше многу шанси за погодок.