
Фудбалерите на Јувентус ја запишаа својата 20-та победа во домашниот шампионат, откако на гости со 0-3 славеа над тимот на Сасуоло.
Избраниците на Алегри брзо го заборавија ремито со Парма и го надиграа домаќинот, но мечот можеше да имаше подруг тек на настаните, доколку главниот судија во 4. минута се решеше за досуди пенал за Сасуоло.
Ѓурикиќ излезе сам пред Шчесни и се реши да го дрибла, а откако успеа во тоа падна на земја, барајќи најстрога казна и црвен картон за гостинскиот голман. Сепак, ВАР-технологијата застана на страната на Јуве и не досуди пенал.
Погледнете го спорниот момент кој на Јуве му ја олесна работата до победата: