Џабе им е Јунајтед: Ливерпул загуби од последниот тим во ПЛ (ВИДЕО)

Екипата на Ливерпул ги крена навивачите на седмо небо со дерби-победата над Манчестер Јунајтед, но тие силно треснаа на земја, со пораз на гостувањето кај Борнмут (0-1) кој до ова коло беше последен во Премиер лигата.

Домашниот тим води битка за опстанок, а овие три бода се како злато вредни за екипата на О'Нил. Избраниците на Клоп, пак, можеа да влезат во пол-позиција за Лигата на шампионите ако ја добиеја оваа средба, но не успеаја и првпат загубија во последните пет натпревари во домашното првенство.

Човек на одлука на стадионот „Виталити“ беше Филип Билинг. Играчот на Борнмут погоди во 28. минута, по асистенција на Уатара. Имаше Ливерпул голема иницијатива пред голот на противникот, но не даде гол до паузата, а во вториот дел, иако гостите добија пенал поради игра со рака на играч на Борнмут, Салах го промаши целиот гол во 69. минута.

За Ливерпул ова е осми пораз сезонава во Премиер лигата. Борнмут ја впиша шестата победа и избега од опасната зона.

Состави

Гери О'Нил

4-4-1-1

    Јирген Клоп

    4-3-3