ВИДЕО: Џабе и Нејмар во првиот тим, ПСЖ го загуби клучниот меч од Лил!

Иако предвидувањата беа дека ПСЖ и покрај лошиот старт на сезоната, убедливо ќе ја одбрани титулата во домашниот шампионат, сепак, завршницата на Лига 1 се чини ќе биде супер-неизвесна, затоа што „светците“ денес забележаа пораз од главниот конкурент за титулата. 

Екипата на Лил повторно докажа дека поседува квалитет за големи дострели оваа сезона и му се реваншира на фаворитот за поразот во Купот од пред неколку седмици, а со победата од минимални 0-1 во Париз, одново се искачи на лидерското место на табелата во шампионатот. 

  • Извештај од натпреварот: 

Првата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар по подолго време првпат се најде во почетниот состав на Маурицио Почетино, но ниту бразилскиот ас не помогна да се сопре залетаниот противник, кој по ремито со Монако и поразот од Ним, конечно им се врати на победите во Лига 1. 

Човек на одлука беше младиот канадски репрезентативец Џонатан Давид, кој во 20. минута на асистенција на Иконе го стресе домаќинот и го постави конечниот резултат од 0-1.