„Двострел“ на Роналдо доволен за победа против Каљари во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус се радуваа на победа во дуелот против Каљари (2-0) во осмото коло од италијанската Серија А. Кристијано Роналдо пред полувремето ги доведе играчите на „старата дама“ пред триумф, а гостинот од Сардинија не можеше да одгововори во продолжението во Торино

Средбата на „Јувентус Алианц Стадиум“ започна изедначено. Федерико Бернардески прв ја затресе мрежата на противникот, ама голот беше поништен поради офсајд. Во првиот дел, Јувентус се закануваше во два наврати преку Дејан Кулушевски, ама Швеѓанецот не успеа да погоди. 

Сепак, пред паузата за полувреме, Кристијано Роналдо успеа двапати да го матира Алесио Крањо. Прво, Португалецот погоди за отворање на резултатот во 38. минута, а четири минути подоцна Роналдо увои на 2-0 за Јувентус пред паузата. 

  • Извештај од натпреварот: 

Каљари немаше сили да се спротивстави на шампионот на Италија и во продолжението, Јувентус мирно го приведе мечот кон крајот. Каљари еднаш погоди во мрежата на Буфон преку Клаван, ама поради офсајд голот не важеше, а Кулушевски пак можеше да зголеми во финишот.

Јуве конечно победи со убедлива игра, а по подолго време на теренот се појавија дефанзивецот Матијс Де Лихт и левиот бек Алекс Сандро.