Двојниот стрелец Садио Мане е МВП на Суперкупот на Европа

Сенегалскиот ас Садио Мане е прогласен за најкорисен фудбалер на Суперкупот на Европа во Истанбул. Двојниот стрелец во победата на Ливерпул по изведувањето на пенали против Челзи влезе во историјата како само четврти двоен стрелец во едно супер-соочување на победникот на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Тој погоди од отпадок на почетокот од вториот дел и со мајсторија на почетокот од првото продолжение. Со оглед на тоа што е уморен и со само неколку тренинзи во нозете, Сенегалец беше заменет веднаш откако го постигна вториот гол.

Ливерпул ја освои својата четврта титула во шестото финале на Суперкупот на Европа.

Следен домаќин на ова натпреварување во август следната година е „Драгао“ во Порто.