ВИДЕО: Двојникот на Меси од Бразил го продаде моторциклот за да го гледа својот идол

Овогодишното издание на Копа Америка во Бразил има специјално значење за еден фудбалски навивач со име Пауло Родригез.

Го споредуваат со Лионел Меси, а кога ќе го погледнете неговиот лик ќе сфатите за што се работи. Многумина го осудија дека залудно се обидува да достигна светска слава, но Бразилецот не се откажа од својата намера да го сретне својот идол.

Дури и го продаде својот моторцикл за да биде дел од турнирот и вели дека единствена желба му е да се појави во кампот на аргентинската репрезентација.

Погледнете за што се работи во следниот прилог: