• Горан Упале

Шест години Баерн Минхен чека на финале во ДФБ Купот, а исто толку време и на двојна круна. За клуб кој со години доминира и финансиски и играчки во германскиот фудбал, тоа е предолг пост. Токму затоа Баварците ќе имаат огромен мотив во финалето против Штутгарт да ја заокружат сезоната со трофеј и барем делумно да ја ублажат болката по елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Без разлика на противникот, Баерн секогаш е голем фаворит на домашна сцена, а тоа особено дојде до израз откако Винсент Компани го презеде тимот. Доминацијата на минхенскиот гигант неодамна ја потенцираше и тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, кој изјави дека и следната сезона тешко некој ќе може да го загрози шампионот.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Баерн Минхен - Штутгарт
Штутгарт ќе се обиде да му парира на фаворитот, а тренерот Себастијан Хенес не отстапува од својот офанзивен стил. Сепак, кога некој ќе влезе во отворена пресметка со Баерн, најчесто завршува лошо.
Тоа го покажуваат и нивните сезонски дуели во Бундеслигата. Баерн славеше со 4-2 во Минхен и со убедливи 5-0 на гостувањето во Штутгарт. Последен пат овие две екипи одиграле натпревар со помалку од три гола уште во 2017 година.
Баерн конечно ќе настапи речиси во најсилен состав, со офанзивното трио Мајкл Олисе, Хари Кејн и Луис Диаз, додека Џамал Мусиала ќе има нешто послободна улога зад нив.
Од друга страна, Хенес во последните натпревари ја смени формацијата и заигра со 3-4-1-2, но останува да се види дали за финалето ќе се врати на стандардната 4-2-3-1. Проблем за Штутгарт е дефанзивата, бидејќи тимот прими дури шест гола на последните три натпревари.






