• Мартин Танасковски

Букајо Сака е првиот европски стрелец за Арсенал сезонава. Англичанецот погоди против ПСВ Ајндховен по само неколку минути игра и се запиша во листата на стрелците на дебито.
Младиот играч за првпат игра во Лигата на шампионите. А, дебито во елитата ќе го памети по добро. Сака стрела уште во 8. минута откако налета по една одбиена топка по шут на Мартин Одегард и ја смести во мрежата.
- Голот на Букајо Сака со ПСВ:
Инаку, овој меч е и кам-бек на Арсенал во Лигата на шампионите по седум години.