„Двојна програма“ на Ренова и Пелистер на стадионот во Гостивар

Градскиот стадион во Тетово се реновира, па Ренова и Шкендија привремено ќе мора да играат надвор од својот „дом“. Прва која ќе го почувствува тоа е Ренова, која чека два натпревари по ред со битолски Пелистер.

Како алтернатива за стадионот во Тетово се очекуваше да биде тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија, но најновите информации велат дека дуелот ќе се игра во Гостивар.

Натпреварот меѓу Ренова и Пелистер во рамки на ПМФЛ ќе се игра в недела, додека во среда истите екипи играат, ама во Купот на Македонија.