Двете победи носат скок од три места за фудбалерите на новата ФИФА-листа

Фудбалската репрезентација на Македонија имаше успешен октомври. Во Лигата на нации се совладаа Летонија и Ерменија, а резултатите ни донесоа скок на најновата ФИФА-листа.

Македонија ги доби двата дуели без примен гол, со резултати 2-0 и 3-0. Според рангирањето на ФИФА, нашата селекција доби плус од 9,83 поени на своето конто и така ќе има напредок од вкупно три места. На најновото рангирање кое ќе биде потврдено на 24 октомври, Македонија ќе се најде на 69 место на ФИФА-листата.

Меѓу најдобрите селекции во светот, нема промени. Лидер е Аргентина, прред Франција, Шпанија, Англија и Бразил. Во ТОП-10, Португалија скокна на седмото, а Холандија падна на осмото место, а Италија е деветта, додека Колумбија е десетта.