Две селекции се ценат над милијарда евра, ова се најскапите тимови на ЕП!

Фудбалското Европско првенство стартува утре, со натпреварот меѓу Италија и Турција ќе се крене завесата на период од еден месец исполнет со возбудувања ширум Европа. 

На континенталниот собир ќе настапат бројни ѕвезди, фаворитите за насловот имаат огромни адути во своите редови, но и многу вредни „бисери“. Специлизираниот веб-сајт кој се занимава со вредности на фудбалерите „Трансфермаркт“ според последните промени пред турнирот, еве ги највредните десет селекции. Две репрезентации ја надминуваат границата од милијарда евра, Англија и Франција, а меѓу десетте се најдоа сите гиганти.

  • Топ 10 репрезентации по вредност:
  1. Англија - 1,27 милијарди евра
  2. Франција - 1,03 милијарди евра
  3. Германија - 936,6 милиони евра
  4. Шпанија - 915 милиони евра
  5. Португалија - 872,5 милиони евра
  6. Италија - 771 милиони евра
  7. Белгија - 669,4 милиони евра
  8. Холандија - 607,05 милиони евра
  9. Хрватска - 375,8 милиони евра 
  10. Турција - 325 милиони евра

Македонија котира ниско на оваа листа, се наоѓа на претпоследното 23-то место со проценета вредност од 61,8 милиони евра, а зад нас е само Финска. Сепак, цифрите не означуваат ништо бидејќи селекцијата предводена од Игор Ангеловски покажа дека може да игра со најдобрите, впрочем ја победи третата највредна репрезентација на ова Европско првенство, Германија во март.