Две различни екипи најавија ист фудбалер како нивно засилување

Францускиот фудбалер Рафидин Абдулах во половина час беше најавен како нов играч на две различни екипи. Тој е слободен агент речиси цела година, а доаѓа од школата на Олимпик Марсеј. Подоцна играше за Лориент и Кадиз, а последениот ангажман му беше Беверен. 

Сепак Абдулах најде нов работодавец, а интересно беше дека Стејд Лозана и шпански Херкулес во половина час на официјалните твитер профили го најавија како нов играч. 

  • Објавата од  швајцарскиот тим: 

Нивната информација беше прва објавена, а прикажаа и доказ од потпишувањето на договорот. Тој ќе биде играч на Стејд Лозана до 2021 година. 

  • Објавата на шпанскиот тим:

Сепак играчот во Херкулес бил на проба, но добил понуда од Швајцарија. Енигма ќе остане зашто шпанскиот тим го најави Абдулах како нивни нов играч.