• Горан Упале
Македонскиот фудблаер Марко Симоновски зад себе ја остави можеби најдобрата полусезона во кариерата и доби две признанија во Косово.
30-годишниот напаѓач е еден од носителите на играта на Дрита и заедно со капитенот, Ардијан Лимани си добија место во „дрим-тимот“ на полусезоната во косовскиот шампионат.
Исто така, Симоновски доби и индивидуално признание за најдобар стрелец во полусезоната. На осум натпревари колку што одигра есенва, нашиот фудбалер постигна единаесет гола и заврши на врвот во листата на стрелците.
Симоновски ја игра втората сезона во дресот на Дрита, лани исто така беше меѓу најдобрите во тимот и на 13 натпревари постигна 16 гола.