• Иван Димовски

Арсими продолжи да го засилува тимот за новата сезона во ПМФЛ. Клубот денес промовира две нови имиња. Нови членови на екипата се голманот Ристе Јанков и дефанзивецот Мухарем Мислими.
Мислими е 26-годишен лев бек кој во Арсими пристигнува по ланските настапи за Башкими. Тој ги направи првите чекори во Шкендија, каде што настапуваше за младинскиот тим и играше и во УЕФА Лигата на младинци. Потоа беше дел од Дрита, Велешта, Тетекс и Беса, а последните две сезони ги помина во Башкими, каде што настапуваше во Првата македонска лига.
Јанков, пак, пристигнува во Чегране по периодот во Македонија ЃП, а зад себе има значително поголемо прволигашко искуство.
27-годишниот голман претходно бранеше за Шкендија, Тиквеш, Брегалница, романската Политехника Јаши и казахстански Каспиј, додека најдолг период помина во Работнички, каде што беше и на позајмица во Локомотива Скопје. Има настапи и за младинските репрезентации на Македонија, како и еден период со сениорската репрезентација.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.








