• Горан Упале
Репрезентацијата на Канада по пауза од 24 години успеа да обезбеди пласман во главната фаза од квалификациите за едно Светско првенство.
Во финалето од втората претквалификациска фаза, Канада со две победи славеше над Хаити, а синоќешната победа од 3-0 беше во сенка на неверојатната глупост што ја направи гостинскиот голман Жозуе Дуверже. Имено, при резултат од 0-0, чуварот на мрежата на Хаити направи две катастрофални грешки и тоа за две секунди. Најпрво, не успеа да ја прими топката, односно таа му помина меѓу нозе, а потоа наместо да ја исфрли во поле, ја смести во сопствената мрежа.
- Комичниот автогол на Жозуе Дуверже:
До крајот на натпреварот Канада постигна уште два гола и го потврди своето учество во квалификациите за Мундијалот следната година.