• Горан Упале
Ноќва се одиграа сите пет натпревари од осумнаесеттото коло од јужноамериканските квалификации за претстојното Светско првенство, во кое имаше две големи изненадувања.
Првото го приреди селекцијата на Еквадор, која на свој терен го совлада светскиот шампион Аргентина со минимални 1-0 (1-0). Аргентина настапи без Лионел Меси, но секако во многу квалитетен состав.
Текот на натпреварот се промени кога дефанзивецот на гостите, Николас Отаменди, доби директен црвен картон во 31. минута. Еквадор ја искористи бројчената предност и поведе во 13. минута од судиското продолжение на првото полувреме. Стрелец од пенал беше Енер Валенсија. Најстрогата казна беше досудена по ударот со лакт на Таљафико и по проверка од ВАР системот. Тоа беше стоти натпревар на искусниот напаѓач за репрезентацијата на Еквадор, за која го постигна својот 45. гол.
- Еквадор - Аргентина 1-0:
На почетокот на второто полувреме дојде уште едно исклучување. Играчот од средниот ред на Челзи, Мојсес Каиседо, доби втор жолт картон во 50. минута и се пресели на трибините, но домаќините успеаја да го задржат водството до крајот и да триумфираат.
Второто изненадување пристигна од Боливија, која го победи Бразил со 1-0 на домашен терен. Тоа беше прв неуспех на „кариоките“ откако легендарниот Карло Анчелоти ја презеде селекцијата.
- Боливија - Бразил 1-0:
Бразил беше особено инфериорен во првото полувреме. Прими гол непосредно пред полувремето, кога Мигелито го совлада Алисон од пенал во четвртата минута од судиското продолжение. Гостите беа малку поконкурентни во второто полувреме, но сепак не најдоа начин како да се заканат, иако го диктираа темпото и ја имаа топката претежно во своите нозе.
На останатите натпревари Колумбија славеше на гости кај Венецуела од 3-6, победа извојува и Парагвај на гости кај Перу 0-1, додека Чиле и Уругвај одиграа без голови.






