ВИДЕО: Две исклучувања, два автогола и пресврт победа за Шахтјор во украинското „класико“

Во дерби натпреварот од 18. коло на украинскиот шампионат фудбалерите на Шахтјор Доњецк славеа гостинска победа против Динамо Киев со 3-4 (2-1), во меч со пресврти и црвени картони. Натпреварот се одигра по исклучително тешки услови, замрзнат терен и снег.

Натпреварот започна извонредно за домаќините, откако Мораеш уште во првата минута донесе водство од 1-0, но во третата минута по автоголот на Хачериди веќе беше 1-1. На пауза фудбалерите на Динамо Киев заминаа со предност од 2-1, откако погодок во 30. минута постигна Рибалка.

Во продолжение натпреварот беше вистинско надигрување. Најпрво за само осум минути фудбалерите од Доњецк по головите на Фред (50) и Фереира (58) направија целосен пресврт (2-3). Работата на гостите им ја олесни Мораеш, кој во 61. минута заработи црвен картон. Во 88. минута Хачериди си постигна уште еден автогол за 2-4, а конечните 3-4 ги постави Беседин во 92. минута. Пред последниот свиреж на судијата, Рибалка кај домаќините заработи уште еден црвен картон.

По денешната победа се чини дека тимот на Шахтјор Доњецк уште од сега може да почне да ја слави титулата, бидејќи има огромни 13 бода предност пред тимот на Динамо Киев.