Две големо засилувања за Депортиво Ла Коруња на крајот на преодниот рок

Две големи засилувања за Депортиво Ла Коруња на крајот на преодниот рок. Нови членови на повратникот во Примера се Хозе Марија Хименез и Марк Касадо.

Младиот играч за врска на Барса, Марк Касадо, пристигнува на едногодишна позајмица од Барселона, со вклучена опција за целосен откуп на неговиот договор за 30 милиони евра. Касадо побара повеќе минутажа и редовен првотимски фудбал откако падна во втор план кај Ханси Флик.

Хозе Марија Хименез  дојде на едногодишна позајмица од Атлетико Мадрид. Искусниот уругвајски репрезентативец доаѓа да ја засили дефанзивната линија на тимот од „Риазор“. Со овие две засилувања, заедно со претходно доведените имиња како Пјер-Емерик Обамејанг и Адама Траоре, Депортиво Ла Коруња склопи исклучително сериозен состав за повратничката сезона во елитата. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.