ВИДЕО: Две „чисти мрежи“ за Столе, две чисти победи за Рајо во Примера

Рајо Ваљекано на фантастичен начин ја започна новата сезона во Примера. Тимот на нашиот Столе Димитриевски славеше со 0-2 (0-0) на гостувањето кај Гранада и има максимален учинок по првите две кола. 

Првото полувреме не понуди премногу возбудувања и на паузата екипите заминаа со почетните 0-0, а двата гола беа постигнати во последната третина од мечот. 

Вторите 45 минути донесоа поангажирана игра на двете страни. Двете екипи имаа по неколку добри шанси, но гостите успеаја да искористат две од нив и со четириминутна „експлозија“ ја заверија победата. Рајо поведе преку Алваро Гарсија во 75. минута, а водството беше удвоено од страна на Сенегалецот Пате Цис, кој биеше прецизно во 79. минута од натпреварот. 

До крајот Гранада остана и со играч помалку, откако Пуертас заработи директен црвен картон во 86. минута. Рајо Ваљекано го затвори дуелот во своја корист со конечни 0-2, за максимални шест бодови на табелата во Примера. 

Нашиот Столе Димитриевски повторно беше на голот кај Рајо Ваљекано и ова беше втора „чиста мрежа“ за Македонецот на стартот од сезоната. 

Состави

Alexander Medina

4-3-3

    Francisco

    4-4-2