Двата клуба од „Олимпико“ во борба за потписот на Конте

Антонио Конте Рома Лацио

Многу веројатно е дека Антонио Конте ова лето ќе му се врати на фудбалот и тоа во својата Италија.

Со неговото име се поврзуваа голем број на италијански клубови, а се чини дека има два изразити фаворити. Тоа се Рома и Лацио за кои се пишува дека ги оствариле првите средби со агентот на темпераментниот тренер.

49-годишникот заработи отказ од Челзи и од тој момент е на заслужена пауза. Истата ја користи за да направи план за својата иднина која несомнено ќе биде на „чизмата“.

Интересно, во последните неколку дена се појави информација дека и Јувентус влегува во трката за ангажман на Италијанецот. Очигледно дека домашните успеси на Масимилијано Алегри не се доволни за да се убеди управата на „старата дама“.