Двата клуба од Манчестер нема да може да играат нокаут-фаза во ЛШ во исто коло!

Европската куќа на фудбалот УЕФА соопшти дека ждрепката во четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе се менува, ако двата клуба од Манчестер, Сити и Јунајтед, играат нокаут-фаза во исто коло.

Во образложението од УЕФА стои дека одлуката е поради безбедносни причини. По сугестија на градската власт во Манчестер, терминот ќе се менува, ако Сити и Јунајтед треба да играат домашен меч во иста рунда.

Ако ждрепката посака двата тима да играат во иста рунда како домаќини, ќе се менува терминот на мечот на Манчестер Јунајтед, затоа што на листата на УЕФА повисоко котираат „граѓаните“.

Првите натпревари од четвртфиналето се играат на 9 и 10 април, додека реваншите се седум дена подоцна. Ждрепката не е привилегирана, па така, можно е дерби на Манчестер во нокаут-рундата на фудбалската елита.

Покрај двата тима од Манчестер, во наредната рунда се Ливерпул, Тотенхем (Англија), Барселона (Шпанија), Ајакс (Холандија), Порто (Португалија) и Јувентус (Италија).