ВИДЕО: Дваесетти гол за Хименез, Феенорд се избори за бод кај ПСВ

Лидерот во холандската Ередивизие, ПСВ Ајндховен, одигра возбудлив дерби натпревар во 24. коло и на домашен терен ремизираше со конечни 2-2 (1-1) против вечниот ривал, Феенорд. 

  • Извештај од натпреварот: 

Публиката просведочи по два гола во двете полувремиња, а се чини дека нерешениот исход на крајот беше сосема реален за двете екипи. Тилман и Тил стрелаа за домашниот состав, додека Феенорд ја тресеше мрежата преку Јакуба Минтех и Сантиаго Хименез, кој стигна до дваесеттиот погодок сезонава. 

ПСВ Ајндховен сѐ уште е во комотна позиција и има десет бодови предност пред Феенорд на првенствената табела. Се чини дека тимот од Ајндховен сигурно граби кон 25. шампионска титула и треба да се случи чудо за да не се искачи на тронот на крајот од сезоната.