ВИДЕО: Дванаесетта победа во низа за Бундес-првакот Леверкузен

Екипата на Баер Леверкузен продолжи да игра во топ-форма и со трите бода против Борусија Менхенгладбах (3-1) продолжи да го лови актуелниот лидер во Бундеслигата, тоа е Баерн Минхен.

  • Извештај од натпреварот:

Избраниците на Чаби Алонсо ја запишаа дванаесеттата победа во сите конкуренции, или вкупно осма во германската елита. Последниот пораз на „фармацевтите“ им е во Лигата на шампионите против Ливерпул во ноември.

Иако играше без Фримпонг и Бонифејс, Чаби Алонсо извади компетивен тим, кој лесно си ја заврши работата против Борусија Менхенгладбах. Терие доби шанса од првата минута, но веднаш се повреди и по само осум минути му отстапи место на Инкапие. Половина час траеше отпорот на гостите, а кога Флоријан Вурц го отвори резултатот, беше лесно за шампионот на Германија.

Што се однесува до мечот на „БајАрена“, главна фигура беше главниот играч на домашниот тим, Флоријан Вирц. Се играше 32. минута кога тој успеа да погоди за предност од 1-0 по асистенција на Џака, а потоа по еден невнимателен потег на Кванчара, судијата покажа на белата точка и Вирц во 62. минута зголеми на 2-0. Конечниот епилог го постави Патрик Шик во 74. минута, по асистенција на Вирц. Почесниот гол за гостите го постигна Кјандинст во судиското надополнување.

Баер Леверкузен во Бундеслигата по 18 кола има 12 победи, пет ремија и еден пораз и 41 бод на своето конто. Лидерот Баерн Минхен има 45 бода.

Состави

Чаби Алонсо

3-4-2-1