Дванаесет земји-членки на ФИФА бараат исклучување на Израел од баражот за ЕП

Дури дванаесет држави од Блискиот исток побараа од Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) да го исклучат Израел од меѓународните натпреварувања поради воената офанзива во појасот Газа. 

Сите земји се членки на ФИФА и бараат Израел да биде исклучен од баражот за пласман на Европското првенство, односно очекуваат Израелците да ги добијат истите санкции кои важат за Русија и Белорусија. Баражите се закажани за почетокот на март, а Израел во полуфиналето треба да се соочи со Исланд.      

Меѓу земјите кои го потпишаа барањето се Саудиска Арабија, ЈорданПалестина, Обединетите Американски Емирати и Катар, но доброупатените извори велат дека мали се шансите тоа да биде усвоено, ако воопшто дојде како точка на дневниот ред на следното Генерално собрание.

Овие вести секако стигнаа и до Израелската фудбалска федерација, од каде изјавија дека очекуваат „УЕФА да не ја меша политиката во спортот и да ги почитува начелата на основното право за одбрана на државните суверенитети“.