Двајцата пријатели пак заедно: Гачевски се сретна со Облак

Голманот на Вардар, Филип Гачевски, ја искористи можноста пред натпреварот меѓу Македонија и Словенија да се сретне со својот стар добар пријател, Јан Облак, кој ќе го чува голот на „змаевите“ на гостувањето во Скопје.

Гачевски не е дел од репрезентацијата, но во „базата“ на Словенија имаше средба со еден од најдобрите голмани во светот, со кого тренираше заедно како тинејџер.

„Јас и Облак трениравме заедно кога јас имав 18 години, а тој имаше 16. Трениравме заедно во младинската репрезентација на Словенија. И ден денес сме пријатели и секогаш кога имаме слободно време се слушаме. Можам за него да кажам дека е феноменален голман и одличен човек“, изјави Гачевски.

Гачевски моментално е најдобриот голман во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и брани во извонредна форма, меѓутоа не е во националниот тим, поради несогласувања со тренерот Игор Ангеловски.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
5 ИзраелИзраел 7 2 2 3 12:14 -2 8
6 ЛетонијаЛетонија 7 0 0 7 1:24 -23 0