Двајца позитивни во Ѓорче, откажани пријателските средби со Работнички и Академија Пандев

Екипата на Македонија Ѓорче Петров потврди дека има двајца фудбалери позитивни на коронавирусот.

„Лавовите“ поради тоа ги откажаа пријателските средби со Академија Пандев и Работнички. За наредната недела тимот има закажано ново тестирање, во пресрет на подготовките за новата сезона.

Пандемијата предизвика големи промени во начинот на функционирање на спортските колективи во последните неколку месеци. Тоа се очекува да продолжи додека вирусот претставува опасност по здравјето на сите спортисти.