Двајца повредени фудбалери на Барса го откажаа репрезентативниот двомеч со Холандија

Фудбалерите на Барселона, Марк Касадо и Ињиго Мартинез ќе го пропуштат осминафиналниот натпревар на Шпанија против Холандија во Лигата на нации поради повреди, соопшти Шпанската фудбалска федерација.

Касадо заработи повреда на десното колено во неделата во победата на Барселона над Атлетико Мадрид со 2-4 во шпанска Примера. Наместо Касадо, шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте го повика Алеиш Гарсија од Баер Леверкузен.

Проблеми со коленото има и дефанзивецот Мартинез, кого во репрезентацијата ќе го замени Дин Хујсен од Борнмут.

Шпанија в четврток ќе гостува кај Холандија во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на нации во Амстердам, а реваншот на кој Шпанија е домаќин ќе се игра три дена подоцна во Валенсија.